Заев со надеж за наоѓање решение за бугарското вето пред јуни, Борисов бара разговори засновани на разум, не на емоции
Нови пораки за можноста за придвижување на односите меѓу Скопје и Софија, по бугарското вето за почеток на преговори на Македонија со Европската Унија. Бугарскиот премиер Бојко Борисов вчера порача дека двете страни треба да се подготват за преговори засновани на разум, а не на емоции, бидејќи несогласувањата меѓу двете земји треба да се надминат во интерес на идните генерации