Османи во Париз: Остануваме на патот на европската интеграција
Остануваме посветени на реформите, на развојот на добрососедските односи и на унапредување на довербата со Бугарија. Ние се гледаме себе како дел од ЕУ и тоа ќе го оствариме пред се за да обезбедиме успешна иднина на нашите граѓани, но и како наш влог за успех на иднината на Европа, порача денеска во Париз министерот за надворешни работи Бујар Османи