Институт за комуникациски студии: 42% од населението смета дека граѓаните се најголеми загадувачи на водите
Најголем загадувач на водите во државата се граѓаните, според 42 отсто од испитаниците во анкетата на Институтот за комуникациски студии, за 33 отсто тоа е преработувачката индустрија, за десет отсто се рударските капацитети, а десет отсто од анкетираните сметаат дека тоа се и граѓаните и индустријата.