Димитров се сретна со директорот за ЕУ во италијанското МНР
Димитров, како што соопшти МНР, информираше за текот на имплементацијата на клучните реформи и за нивната трансформациска улога за земјата во контекст на севкупно унапредување на демократските процеси, владеењето на правото и градењето одговорни и функционални институции.