Хемофиличари со години чекаат за операција поради недоволна количина од неопходен лек
Драги Лулевиќ кој од раѓање има хемофилија, од 2015 година чека за три хируршки интервенции на зглобови. Одењето му е отежнато, има и болки, но вели, ниту еден хирург не сака да го внесе во операциона сала бидејќи исходот може да биде фатален без да има доволно количини на потребниот фактор за коагулација.