Каква било промена во правниот систем на Македонија не значи трајна гаранција за Грција, бидејќи се што се менува може да се врати назад, изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговорајќи на новинарско прашање за барањата од Атина за промена на Уставот како гаранција за евентуалното решение на спорот за името.
Одбележувањето на Европскиот ден на логопедите ни овозможува да покажеме дека логопедите низ цела Европа имаат заедничка цел и дека работиме заедно за да направиме динамично влијание врз промовирањето на здравјето и благосостојбата кај децата и возрасните со нарушувања на комуникација.
Синдикатот на УПОЗ и Министерството за информатичко општество и администрација се договорија да се формираат работни групи кои ќе почнат преговори за Колективниот договор во јавната администрација.
Премиерот Зоран Заев на денешното рочиште за случајот „Поткуп“ рече дека не се чувствува виновен и оти е убеден дека во судската постапката ќе се разобличи обвинението против него конструиран во периодот кога беше лидер на опозицијата.
Премиерот Заев посочил дека Владата е цврсто определена кон остварување на стратешките цели на Република Македонија, интеграција во ЕУ и НАТО, кои отвораат економски перспективи на граѓаните и на земјата и дека е сериозно поставена во реализацијата на реформската агенда.
Политичката стабилност на Германија е важен предуслов за просперитетна и обединета Европа, а воедно претставува и основен поттик за европската интеграција на земјите од Западен Балкан, истакна денеска вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи на средбата во Скопје со пратеникот од редовите на Зелените во германскиот Бундестаг, Мануел Сарацин.
Претседателката на Секцијата на жени при ССМ, Елизабета Гелевска изјави дека ова треба да се направи за да се зачува достоинството и на професијата и на жената која на работното место си ја работата.
Судијата Дарко Тодоровски го одби предлогот на одбраната на премиерот Зоран Заев за случајот „Поткуп“ да бидат отфрлени Посебните истражни (ПИ) мерки на обвинителството како незаконски и да не се користат како докази во процесот.
Минатото рочиште беше одложено по барање на одбраната, а претходното, пак, на барање на јавниот обвинител, кој го известил новиот судија во предметот, Дарко Тодоровски дека не може да присуствува на рочиштето.
Законот за употреба на јазиците напладне повторно во Собранието. На седницата треба да учествуваат и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, кои веќе на последната средба со лидерот на партијата Мицкоски, ги повика премиерот Заев.