Љубомир Јовески – нов Јавен обвинител на Македонија
Македонија доби нов државен јавен обвинител. По денешните два неуспешни обида, од трет пат, со 61 глас за, еден воздржан и ниту еден против, без присуство на опозицијата, Љубомир Јовески беше избран на врвната обвинителска позиција во земјата.