Очекувам новата стратегија за реформа на јавната администрација да биде испратена до Владата пред крајот на оваа година, рече министерот Дамјан Манчевски на денешната презентација на буџетот за 2018 година на Министерството за информатичко општество и администрација.
Со сегашниот закон продажбата на алкохол е ограничена до 19 часот во зимскиот период, односно до 21 часот преку лето. Во киосците, пак, има забрана за продажба на алкохол.
Владата, вклучително и Министерството за финансии, според портпаролот Миле Бошњаковски, немале информација околу бонусите кои биле распределни во Државната изборна комисија (ДИК).
Претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати е избркан од работа во Агенцијата за катастар. Благоја Ралповски вели дека тоа било резултат на се поголемите притисоци од власта врз синдикалното движење.
Претседавачот на Претседателството на Вонредниот конгрес Роберт Симоновски изјави дека меѓу овие двајца кандидати ќе се избере новиот лидер на денешното продолжение на Вонредниот конгрес.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски притворот на шестмината пратеници од неговата партија го оцени како тежок преседан, режим и уривање на демократијата.
– Од тонскиот запис да можеме да провериме и да бидеме сигурни дека сето она што се случува е реално внесено и во материјалниот записник на Судот, рече Миланов.
Предметот „Трезор“ се однесува на економски криминал за злоупотреба на средства од Буџетот на Република Македонија во врска со набавка на електронско-комуникациска опрема и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија за потребите на Петтата управа при УБК.
Владата денеска го именуваше лидерот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, за национален координатор за намалување на ризици од катастрофи.
Влада на Република Македонија на денешната 41 седница ја разгледа доставената информација од страна на Амбасадата на нашата земја во Тирана за состојбите во Република Албанија по големите поплави.