Оркестарот на Филхармонија ќе го одржи концертот „Зимски соништа“
Оркестарот на Филхармонија ќе го одржи концертот насловен „Зимски соништа“. Како солист ќе настапи виолистот Тимоти Ридаут од Велика Британија, диригент е Конрад ван Алфен од Холандија, а на програмата се Концертот за виола во е-мол, оп. 85 Транскрипција од Kонцертот за виолончело од Едвард Елгар и Симфонијата број 1 “Зимски соништа“ од Чајковски