Филмските работници бараат враќање на буџетот за филмската дејност на стапката пред пандемијата
Минатата 2020 година беше комплексна за многу индустрии вклучувајќи ја и филмската, која се справуваше со многу предизвици поради отежнатите услови за продукција. Уште поголем застој направи тоа што немаше можност за промоција на филмовите, бидејќи речиси сите фестивали беа откажани.