Македонски ПЕН Центар по повод смртта на Богомил Ѓузел – Ултимативна поезија на егзистенцијалниот револт
Македонскиот ПЕН центар со длабоко жалење ја известува јавноста за заминувањето на Богомил Ѓузел, еден од најзначајните македонски и меѓународно ценети поети, луциден и виспрен ерудит, сeстрано љубопитен интелектуалец, есеист, прозен и драмски автор, антологичар и преведувач. Роден е на 19 јануари 1939 год, во Чачак, почина на 22 април 2021 год во Скопје