Почна со работа Основно општинско музичко училиште во Струга
Околу 120 ученици од основните училишта во Струга од денеска ќе почнат да следат настава за основно музичко образование во Основното општинско музичко училиште. Учениците ќе имаат можност да изучуваат соло пеење или некој од избраните инструменти, меѓу кои се пијано, виолина, гитара, кларинет, саксофон, труба, флејта, хармоника и ударни инструменти