Во еко-акција покрај Вардар во Велес собрани пет кубни метри отпад
Стотина граѓани меѓу кои претставници на еколошки здруженија, членови на ЗГ „Акцијаш “, вработени во ЈКП „Дервен“, членови на Советот на Општина Велес, денеска учествуваа во акцијата за чистење што ја организираше Општина Велес во рамки на одбележување на Светскиот ден на животната средина – 5 јуни.