Општина Куманово ги презентираше можностите за инвестирање во индустриската зона Речица
Општина Куманово во мај ќе организира јавно наддавање за 12 парцели од индустриската зона Речица, соопштија денеска надлежните од општината на on – line презентација, на која беа презентирани можностите за инвестирање, начинот и постапка за стекнување со имот за инвестиција во новата индустриска зона. На презентацијата присуствуваа 30-тина претставници од бизнис заедницата, од амбасадите, заинтересирани правни и физички лица