Штипскиот Ковид центар преполн, осумдесет отсто од пациентите во тешка состојба
Во штипскиот Ковид центар нема слободни болнички кревети. Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев за МИА вели дека исполнети се сите капацитети на Инфективно, Кожно, Анестезиологија и Кардиологија.