Универзитетите во Македонија имаат академска автономија, но не кадровска и финансиска
Според оценката на испитаниците за тоа колку се остварени индикаторите што ги има поставено Европската универзитетска асоцијација, нашата земја би била најдобро рангирана во однос на академската автономија и организациската автономија, послабо рангирана во однос на кадровската автономија и најслабо рангирана во однос на финансиската автономија