Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска ќе го посети реконструираниот објект на СВР Битола каде што ќе оствари работна средба со раководството.
Седниците на Советот на Општина Битола ќе се снимаат во целост и ќе бидат поставувани на официјалниот веб-портал на Општината како и на YouTube, изјави претседателот на Советот на Општина Битола, Валентин Груевски
Градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука во својот кабинет ги прими најуспешните дебарски каратисти, членови на Карате клубот „Уранику“, предводени од нивниот тренер Дурим Пачуку
Традиционален планинарски марш што се организира по повод 143 години од Разловечкото востание ќе се одржи в недела во Делчево
Единаесет дена до првото издание на Планинарска трка „Охрид треил-2019“, Асоцијацијата за спортови „Спорт за сите-сите за Спорт“ и здружението „ТРЕКС“ имаа работна средба со координативното тело и претставници на државните инстутиции инволвирани во организацијата на настанот
ЈЗУ Општа болница Велес од македонско-германското здружение „Киндер Хилфе“ доби медицинска опрема: гасен анализатор, ехо апарат, пулс оксиметар, инхалатори за деца и подвижно ЦТГ
Седумдесет и шест години од формирањето на Тиквешкиот партизански одред „Добри Даскалов” беа одбележани денеска во Кавадарци
Новоизбраниот градоначалник на Ново Село, Никола Андонов денес ја презеде функцијата со примопредавање од досегашниот в.д. градоначалник, Горан Цветков
Ученици од општинските основни училишта „Кузман Шапкарев“ и „Рајко Жинзифов“ денеска имаа едукативна средба со градоначалникот на општина Кисела Вода, Филип Темелковски
Здравствениот дом во Крушево доби ново амбулатно возило за итна медицинска помош од Министерството за здравство