Ноќеска ветер до 60 километри, денеска позасилен наместа и над 90 километри на час
Облачно, студено и ветровито ќе биде во текот на целиот ден. Метеоролозите најавуват дека ветерот наместа ќе биде засилен и ќе достигне брзина и над 90 километри на час. Засилен ветер имаше и во текот на ноќта со брзина меѓу 50 и 60 километри на час во Скопје на Зајчев Рид, Овче Поле и Пелагонија.