Еуромакс Ресоурцес: Нема закани, бараме извинување и запознавање на јавноста
Еуромакс Ресоурцес ја известува јавноста дека согласно Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета побара од одредени поединци да се извинат за паушалните и манипулативни изјави кои ниту се поткрепени со факти ниту со експертско мислење. Истите беа објавени на социјалните медиуми со цел да наштетат на реномето на Еуромакс, како и на проектот Иловица – Штука, а со тоа и врз вредноста на акциите на компанијата, која котира на берзата во Торонто.