Донација од кујнски елементи за жител на село Илиово
Во домот на Душко Георгиевски од делчевското село Илиово денеска се донирани кујнски елементи што се лична донација на делчевскиот градоначалник Горан Трајковски. Ова е четврта донација на Трајковски, кој досега во рамки на своите хумани мисии донираше покуќнина за социјално загрозени семејства во делчевските села Вирче, Тработивиште и Разловци.