„Охридски комуналец“ се поднови со седум специјализирани возила за транспорт на отпад
Возниот парк на општинското јавно претпријатие„Охридски комуналец“ од денеска е обновен со седум нови специјализирани возила. Со набавката, како што денеска беше истакнато на презентацијата на возилата, значително ќе се подобрат условите за работа на претпријатието, односно ќе се подобри системот за транспорт на комуналниот отпад од градот и околината.