Магла во Битола и на Стража, слаб снег на Попова Шапка, Ѓавато и Буково
Поради појава на магла намалена е видливоста од 50 до 100 метри во Битола и на планинскиот премин Стража. Слаб снег провејува на Попова Шапка, Ѓавато и Буково кој засега не се задржува на коловозот, информира во утринскиот извештај Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).