Со заедничка трпеза Прилеп го прослави заштитникот на градот – Свети Никола
Со заедничка посна трпеза во центарот на градот, по 13. пат Прилеп денеска организрано го слави заштитникот на градот – Свети Никола. Стотици прилепчани се придружија на прославата и порачаа дека традиците треба да се одржуваат, но и да има мир и заедништво на сите граѓани, без разлика дали се сиромашни или побогати, мали или возрасни.