Милошоски: Благодарение на политиките на СДС, Македонија е во состојба на блокирани преговори со ЕУ
На вчерашното гостување на Телевизија 24 во емисијата „Анализа“ говореше пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, кој на самиот почеток дискутираше за вчерашната посета во Македонија од страна на претседателот на Советот на Европска Унија, Антонио Кошта.