Бучковски по наредба на Зоран Заев е во Софија на тајни преговори за ново национално предавство, објави Милошоски
Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието Антонијо Милошоски, вечерва во „Само интервју“ во Канал 5 телевизија, истакна дека Бучковски по наредба на Заев е на тајни преговори во Софија за прифаќање на дел од барањата на Бугарија и уште едно предавство кое Заев за малку не го направи лани.