Заев нарача, Кацарска им пресуди на уставобранителите, затоа сега е наградена, изјави Мицкоски пред протестот
Револтиран е народот и му е преку глава. Чашата ја прели именувањето на Кацарска за претседател на Уставниот суд. Народот е на ивица на трпение и ако продолжи вака отсутно да се однесуваат Зоран Заев и владата на СДСМ, јас се плашам дека работата ќе се радикализира уште повеќе.