Во Тетовско лани имало 856 сообраќајни несреќи и една човечка жртва, за разлика од 2022 кога осум лица ги загубиле животите
Командирот на Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај во Тетово, Зоран Талев оценува дека 2023-та година може да се прогласи за најбезбедна со оглед дека лани имало само една човечка жртва, а претходните години имало многу повеќе.