Унгарија сака да ги види деталите за предлогот на Европската унија за санкции против увозот на руска нафта и гас пред да одлучи дали ќе го блокира предлогот или не, изјави денеска Гергељ Гуљаш, шеф на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан
Летонскиот Парламент едногласно усвои резолуција во која Русија ја обвинува за геноцид врз украинскиот народ и ги повика другите членки на ЕУ веднаш да престанат да увезуваат руски нафта и гас
Германскиот извоз во Русија падна за 57,5 отсто во март во однос на истиот период минатата година под влијание на санкциите воведени против Москва по инвазијата врз Украина
Русија одлучи да ја блокира опколената фабрика за челик „Азовстал“ во градот Мариупол, бидејќи не може да ја заземе со сила, изјави денеска советникот на украинскиот претседател Алексеј Арестович
Независниот лидер и добитник на Нобеловата награда за мир Хозе Рамос-Хорта прогласи победа на претседателските избори во Источен Тимор
Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека минатата недела на глобално ниво се регистрирани речиси четвртина помалку пријавени случаи на лица инфицирани со коронавирусот
Десетици маскирани палестински демонстранти рано изутринава влегле во џамијата Ал Акса во Ерусалим, ги затвориле портите и почнале да фрлаат камења и петарди
Немаме јасен одговор за давање воена помош, изјави украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба, кој по вторпат во последните два дена е во бугарскиот парламент
Цените на храната во Германија драстично „скокнаа“ од почетокот на руската инвазија врз Украина
Британскиот најдолговечен монарх отпатува со хеликоптер до нејзиниот имот во Норфолк, каде што ќе ѝ се придружат и семејството и пријателите