Москва подготвува „консолидиран одговор“ до САД и НАТО на одбиените безбедносни гаранции
Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, испратил прашања до неговиот американски колега, Ентони Блинкен, и до сите шефови на дипломатии на земјите членки на НАТО, за тоа како Алијансата го разбира принципот на неделивост на безбедноста, изјави денеска висок руски дипломатски извор