Во Франција седум отсто од наставниците отсуствуваат од училиште поради Ковид
Околу седум отсто од наставниците моментално отсуствуваат од училиштата во Франција, тешко погодени од епидемијата на Ковид-19, но врвот на отсуства не треба да надминува 15 отсто, рече министерот за национално образование, Жан-Мишел Бланкер, јави дописникот на МИА од Париз.