Анкета: 66 отсто од Грците поддржуваат вакцинацијата да биде задолжителна за одредени категории
Пандемијата за речиси четворица од десет анкетирани е најголемиот проблем на земјата, а 66 отсто од испитаниците поддржуваат вакцинацијата да биде задолжителна за одредени категории, како што се вработените во угостителството, образованието, јавниот превоз, покажуваат резултатите од двете нови истражувања на јавното мислење во Грција спроведени од агенцијата „Metron Analysis” за телевизијата „Мега” и агенцијата „Pulse” за ТВ „Скај”