Косовската опозиција победи во Приштина и другите големи градови, скромен резултат на партијата на Курти
Главниот град на Косово, Приштина, во наредните четири години ќе биде воден од градоначалник од редовите на опозицискиот Демократски сојуз на Косово (ЛДК), архитектот Прпарим Рама, кој во вчерашното прегласување за локалните избори 2021 го победи ривалот од владејачкото Движење самоопределување (ВВ), доскорешниот министер за здравство, Арбен Витиа