Грчката апликација за проверка на Ковид документите не ги препознава сертификатите на трети земји
Со воведување на новите мерки од саботата, за влез речиси секаде во Грција поребен е документ за Ковид-19 што се скенира преку специјална апликација, меѓутоа државјаните на трети земји, кои иако имаат валиден сертификат не можат да влезат затоа што грчката апликација за проверка не ги препознава овие сертификати, во текот на викендот со овој проблем се соочија туристи како од Македонија, така и од Србија, Сингапур, САД и други земји што не се членки на ЕУ