Курти ги покани јапонскиот премиер и шефот на дипломатијата да го посетат Косово
Косовскиот премиер Албин Курти ги прими денеска нерезидентниот амбасадор на Јапонија за Косово во Виена, Мизутани Акира и вршителот на работите во јапонската амбасада во Косово, Огасава Митсунори, при што ги покани премиерот Јошихиде Суга и министерот за надворешни работи на Јапонија, Тошимицу Мотеги, да ја посетат Приштина, објави службата за информирање на Владата на Косово.