Радев: Процесот на проширување на ЕУ треба да се заснова на одржливи резултати во градењето добрососедски односи на Балканот
Проширувањето на Европската унија мора да се заснова на постигнување одржливи резултати во градењето добрососедски односи на Балканот, и ова треба да биде неповратен процес со текот на времето. Ова го изјави претседателот на Бугарија Румен Радев, кој денеска се состана со министерот за надворешни работи на Португалија, Августо Сантос Силва и со европскиот комесар за соседство и проширување Оливер Вархеи, соопшти прес-службата на шефот на бугарската државата.