Мирен протест во центарот на Атина за заштита на здравјето и зајакнување на здравствениот систем
Синдикати, студентски здруженија, претежно левичарски ориентирани, лекари, но и правници и адвокати, попладнево одржаа мирен протест пред грчкиот Парламент во центарот на Атина, барајќи заштита на здравјето на граѓаните и зајакнување на здравствениот систем кој е под огромен притисок поради пандемијата, јави дописничката на МИА од Атина.