На денот на снежната бура во Атина грчката полиција добила рекордни 26.000 повици
Во вторникот, кога Атина беше под снежна покривка, но со снег не повеќе од 25 сантиметри, грчката полиција, на бројот за итни случаи примила рекордни 26.000 повици, три до четири пати повеќе од обично, јави дописничката на МИА од Атина.