Тачи ќе присуствува на инаугурацијата на Ердоган
Косовскиот претеседател Хашим Тачи, на покана на неговиот турски колега Реџеп Тајип Ердоган, кој беше повторно избран на чело на државата на неодамнешните претседателски избори, отпатува за Турција, каде што ќе присуствува на инаугуративната церемонија, јави дописникот на МИА од Приштина.