Анкета: Повеќе од половина Грци поддржуваат отворање на приватни факултети во земјата
Над пет од десет анкетирани, односно 54,1 отсто се „за“ отворање приватни факултети во Грција, наспроти 41,3 проценти кои се против, согласно истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата „Opinion Poll“ за грчката телевизија „Action 24“, јави дописничката на МИА од Атина.