Почна „подготовката“ на теренот за зградите кај Холидеј Ин: Жителите на Ново Маало го бранат проектот
Жителите на населбата Ново Маало во Центар сметаат дека со проектот кој е предвиден да се гради на парцелата спроти Холидеј ин ќе се реши проблемот на многу семејства кои, како што велат, сé уште живеат во супстандардни услови, како да е 19 век или биле приморани да ги напуштат своите куќи.