За една недела подигнати 131 непрописно паркирано возило од јавните површини
Во текот на изминатата недела (27.08 – 02.09.2020 година) со специјалните возила „пајак“ се отстранети вкупно 131 возило од јавните површини. Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 17 се отстранети од зонските паркиралишта, а другите 114 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице