Пред неколку дена актуелниот Градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски на новинарско прашање одговори дека ќе бара уште еден мандат од Скопјани.

Ако во ВМРО-ДПМНЕ е извесен изборот за кандидат за градоначалник на Скопје, во владејачката партија СДСМ комбинаториките се сеуште во игра. Според неофицијални информации, дилемата е помеѓу Петре Шилегов, портпарол на СДСМ и актуелен пратеник како и Стево Пендаровски кој исто така е актуелен пратеник. За ова место се спомнуваат и имињата на Софија Куновска која е блиска до Радмила Шекеринска како и Дамјан Манчевски кој беше координатор на советничката група во Скопје, но се чини дека Манчевски со добивањето на министерското место одпадна од игра за Градоначалник на Град Скопје.

Се чини дека одлуката ќе падне на Петре Шилегов, бидејќи Стево Пендаровски покажал амбиции повторно да биде кандидиран од страна на СДСМ за Претседателски избори кои ќе одржат во 2019 година.