Трката за градоначалник во Кисела вода ќе биде една од поинтересните во скопските општини, а речиси извесно е дека кандидат на СДСМ за оваа општина ќе биде Филип Темелковски, синот на Заре Темелковски познат како поранешен сопственик на Ино спектар и Хотелот Славија во Охрид.
Иако Филип Темелковски веќе подолго време има „неформална кампања“ на социјалните мрежи сепак како негов партиски конкурент се спомнува името на Елена Костова која е член на комисијата за здравство на СДСМ. Предноста на Филип Темелковски е и во тоа што тој ја има поддршката од општинскиот одбор на СДММ во Кисела Вода а позади него во партиското лобирање застанал и новиот директор на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски.
Од ВМРО-ДПМНЕ пак извесно е дека Билјана Беличанец нема да бара втор мандат од граѓаните на оваа општина а неофицијално ќе се повлече и од сите партиски активности. Како можни кандидати за прв човек на Кисела Вода се спомнуваат имињата на Јохан Тарчуловски кој со место на живеење е во оваа општина по враќањето од Шевенинген. Јохан Тарчуловски последните две години постојано беше со членството на терен и според тоа имал и висок рејтинг на партиските анкети. Друг можен кандидат од ВМРО-ДПМНЕ се споменува и Претседателката на Унија на жени Светлана Колариќ која периодов е медиумски активна преку партиски конференции а од минатиот месец стана и член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Неофицијално и Претседателот на ОК Кисела Вода Орце Ѓеоргиевски покажувал амбиција за градоначалничката фотелја но најверајтно тој ќе биде само носител на листа на советници во оваа општина.