Актуелниот градоначалник на Општина Аеродром се чини дека по трет пат ќе излезе пред жителите на Аеродром да ја бара довербата за нивен прв општински човек. Коневски во изминатите години реализираше голем број на проекти, со што придонесе за целосно урбанизирање на општина Аеродром, па веројатно тоа ќе му биде главниот адут за добивање на третиот мандат. Иако оваа информација не е потврдена сепак информациите велат дека партиската доверба ќе падне на него иако на последните парламентарни избори ВМРО-ДПМНЕ загуби од СДСМ во оваа општина после подолго време.
Од страна на владејачката партија како можен кандидат се спомнува Златко Марин кој започна своја кампања на фејсбук против актуелниот градоначалник Коневски иако претходно го критикуваше дека тој од позиција на Градоначалник ги рекламирал направените и реализираните проекти во оваа општина во неговите два мандата.