Само денеска треба да бидат избрани членови на избирачки одбори за Битола, Куманово, Прилеп, Гостивар, Кичево, Тетово, Струга, Аеродром, Гази Баба, Охрид, Чаир и Босилово. Вкупно ќе бидат избрани 7.908 лица.

Државната изборна комисија од денеска до 25-ти месецов треба по случаен избор преку софтверот и базата на административци да ги определи членовите на избирачките одбори за локалните избори.

Само денеска треба да бидат избрани членови на избирачки одбори за Битола, Куманово, Прилеп, Гостивар, Кичево, Тетово, Струга, Аеродром, Гази Баба, Охрид, Чаир и Босилово. Вкупно ќе бидат избрани 7.908 лица.

Портпаролката на ДИК, Аријета Џемаили изјави дека не постои простор за манипулација при изборот на членовите на избирачките одбори, бидејќи базата е добиена од МИОА и се работи за случаен избор.

За време на случајниот избор во Домот на АРМ, членот на ДИК Силвана Бонева изрази незадоволство што ИТ службата на Комисијата, иако имало заклучок од синоќешната седница, до нив не доставила информации за вработените во јавниот сектор по општини.

ДИК доцна синоќа донесе одлука со која го задолживме раководителот на ИТ секторот од вкупната база на податоци која што ја имаме добиено за вработени во државната, јавната, општинската администрација и администрацијата на Град Скопје да добиеме преглед по општини и по етничка структура и од кој вкупен број на вработени ќе се бираат членовите на избирачките одбори, за сите да имаат доверба и да можат да следат и набљудувачите и политичките партии и ние од како членови на ДИК. Таквите прегледи по општинска и по етничка структура требаше да ги добиеме денес пред почетокот на случајниот избор, рече Бонева.

Најдоцна до сабота, до општинските комисии, треба да достават предлози и политичките партии. Избирачките одбори треба да се комплетираат до недела на полноќ.