Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Сокол Митровски денеска на прес-конференција истакна дека 152 проекти, односно 98 отсто од неговата програма и 42 проекти надвор од програмата се реализирани во таа општина.

- Со изградената инфраструктура се подигнаа стандардите на живеење на граѓаните, а со изградената патна мрежа Ѓорче Петров сега е лесно достапна дестинација. Со изградените директни врски со коридорите 8 и 10, општината стана уште повеќе интересна за инвестирање, а двете претоварни станици од железничката мрежа само ја надополнуваат позитивната слика за ефикасна комуникација, рече Митровски.

Меѓу реализираните проекти кои ги наброја се изградба на патот Волково - Орман, патот од Стопански двор до обиколницата, патот од Ново Село до локалните гробишта и улицата „Црногорска 2“ и четири нејзини краци, кружен тел на бул. „Партизански одреди“ кај Порта Влае и кај црквата „Св.Петар и Павле“, реконструкција на улицата „Ѓорче Петров“ заедно со тротоарите и велосипедската патека...

Потенцира дека во урбаните заедница Хром, Ѓорче Петров, Мирче Ацев, Дексион и во месната заедница Волково, се изградени повеќе улици.

- Пуштена е во употреба подрачното училиште од ОУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во населбата Хром, се реконструираат спортските сали во училиштата „Димитар Поп Беровски“, „Страшо Пинџур“ и „Тихомир Милошевски“..., рече Митровски.

- Заради потребата од простор за згрижување на најмалите, во ООУ „Ѓорче Петров“ се преадаптира едно крило од училиштето во детска градинка. Овој нов простор може да прими 200 деца. Средствата, во висина од 11 милиони денари. Се прошири и градинката „ Детелинка“ во УЗ „ Мирче Ацев“, а со тоа се овозможи прием на уште 50 деца, рече Митровски.

Посочи дека отворена е новата градинка „Рипчиња“, а целосно е реконструирана и опремена кујната во објектот на градинката „Калинка“ во населбата Хром.

- Општината изгради мултифункционални спортски игралишта. Mожеби единсtвената општина која има и свој театер „Пампур“ кој во изминатиов период ни овозможи три премиерни изданија и десетици пост премиерни претстави, 3 перформанси „ Животот на Ѓорче Петров и на Тихомир Милошевски, а и мултимедијалната претстава која остави најдлабок впечаток „100 години населба Ѓорче Петров“. Одржани се 7 ликовни изложби од млади но и докажани наши уметници, додаде Митровски.