СДСМ одлучи на претстојните локални избори за градоначалник на општина Кисела Вода да го кандидира Филип Темелковски.
Според извори на Makpress.mk позади кандидатурата на Темелковски застанало речиси целото членство на Кисела Вода како и еден од советниците на Зоран Заев, Филип Андов - Сокол, а несебична поддршка добил и од младината на СДСМ во оваа општина која е предводена од Дарко Каевски, директор на Агенцијата за млади и спорт.
Темелковски веќе подолго време е Претседател на општинскиот одбор на владеачката партија а во јавноста меѓу другото е познат и како еден од синовите на бизнисменот Зоре Темелковски - Ино спектар.