Александар Наумоски повторно ќе влезе во трка за Градоначалник на Ѓорче Петров, од како минатите локални избори загуби во вториот круг од актуелниот Градоналалник на оваа општина, Сокол Митревски.

Наумоски е правник по професија, односно магистер по уставно право – човекови права и поранешен соработник во Бирото за застапување на РМ пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Од пред еден месец Александар Наумоски е назначен за директор на затворот во Шуто Оризари.