Од владеачката партија претставија дел од кандидати кои ќе бидат предложени за локалните избори.
Во Валандово од СДСМ е предложен Перо Костадинов, за Велес во трка влегува Аце Коцевски, за Демир Капија Лазар Петров, во Крушево се кандидира Томче Христоски, во Македонска Каменица Соња Стаменкова, за Неготино Тони Делков, во Охрид - Јован Стојановски, во Пласница Шресим Ајроски. Во Ресен во трката влегува Живко Гошаревски, во Свети Николе Сашо Велковски, во Сопиште Далибор Богдановски, за Старо Нагоричане СДСМ предлага уште една жена кандидат - Жаклина Јовановска, за Чашка Горан Стојановски.
Струмица, по двата мандата на заев, ќе добие ново име за кандидат Коста Јаневски.