Министерот за здравство Арбен Таравари вели дека не би сакал да замине од министерската позиција, но мора да го направи тоа поради партијата. Тој во изјава за „Фокус“ тврди дека на локалните избори ќе настапат сами, бидејќи не успеале да се договорат со ДПА и Беса.

– Јас не би сакал да ја напуштам министерската позиција, сметам дека многу повеќе би придонел во здравството, но немам избор. Да имавме соработка со помалите партии ќе беше подруго. Меѓутоа, ако ги изгубам локалните избори, сметам дека нема да имам никаков партиски кредибилитет понатаму да бидам министер. До вчера не ми ни паѓаше на памет да се откажам од функцијата министер за здравство – тврди Таравари.

Таравари вели дека до локалните избори ќе ја извршува функцијата министер за здравство, ќе доаѓа секое утро во министерството, а работните обврски ќе ги подели со заменик министерот и со државниот секретар.

Извор: Фокус